Екстремно ски-глајдинг
Појма немам како се вика овој спорт на македонски… ова е блиску така да, уживајте во видеото
Во продажба е Оптимус Максимус
Супер новост ама едно нешто многу многу многу многу ја расипува оваа новост… нејзината цена. Оваа тастатура со OLED копчиња (сите копчиња) кошта 1600 американски долари! Знам дека паѓа доларот, ама треба МНОГУ да падни за да можам да си ја дозволам
Еве и видео од тастатурата во акција (пау пау!) !
Највисокиот и најбрзиот ролеркостер
Брзина од 193 километри на час и висина од околу 128 метри од земјата, овој ролеркостер ја помести границата за возбуда. За тоа колку многу е возбудливо, видете ја последната слика од галеријата
Инаку се наоѓа во Охајо, САД.
Уметност од Ли Веј
Кинескиот уметник Ли Веј од Пекинг, започна со неговата серија изведби „Огледалување“ и подоцна добил уште повеќе внимание со сериите „Паѓања“ каде што уметникот е прикажан со неговата глава и гради во земјата. Неговата работа е мешавина од уметност на изведување и фотографирање што некогаш креираат илузии од опасна реалност. Ли Веј тврди дека овие […]
Матемагија
Артур Бенџамин изведува трик со пресметување на квадрати на дво-три-четири па и петцифрени броеви во умот и е побрз од други што пресметуваат на дигитрони. Гледајте го, супер е!
Преку TED
Брзо преслекување
Многу добар трик, сигурно овие немаат мака кога ќе се брзаат за излегување
Облаци mammatus
Денес прв пат видов вакви облаци (на Интернет се разбира ). Многу интересни, изгледаат скоро нереални. Уживајте во галеријата
Повеќе за нив на википедија: Облаци mammatus
Јапонска канализација
Канализација во некој град во Јапонија. Огормно нешто, изгледа како подземен град - ЗИОН!!