Нов дизајн и многу други нови додатоци
Во последно време нешто сајтов беше бавен, немаше многу нови содржини, не се случуваше многу. Ама не седев така (ок, седев ама не многу :Р ) туку работев во позадина. Ставив нова верзија од Вордпрес, нова тема, нови додатоци од кои најинтересен е додатокот кој ви дава ВАС можност да испраќате содржини на СолиПамет.
Ќе можете да испраќате слики, вицеви, текстови, видеа со што ќе му помагате на СолиПамет да има поголем број на различни содржини, а воедно ќе имате можност да споделите со многу луѓе содржини кои вас ве интересираат!
Моментално планот ми е да има нов запис на секои 3 часа, но тоа може да се намали до 1 час во зависност од тоа колку содржини ќе испраќате вие!
За тие што сè уште не се претплатиле на RSS сторете го тоа за да ги добивате сите нови содржини директно во вашиот RSS клиент!
Ако имате пофалби, сугестии, критики или наидете на нешто што не работи како што треба на новата верзија од СП, слободно контактирајте ме!
Поздрав и уживајте во новата верзија од СолиПамет!
Поправени се неколку работи, поддршка за Кајмакот и СолиПамет RSS за Вашиот сајт/блог
Поправив неколку работи на блогот за кои имаше доста забелешки, а исто така и некои работи што ми „поминале низ прсти“ се преправени како што беше планирано од почетокот. Го поправив пребарувањето, бидејќи претходно кога ќе баравте на кирилица се правеа хиероглифи, поради погрешниот енкодинг. Сега кога ќе напишете на кирилица си излегува во ред и има резултати од барањето без препишување на зборот во Гугл.
Претходно, кога ќе беше изберена некоја категорија или месец од архивата се прикажуваа само имињата на записите и текстот од нив. Сликите и видеата не беа прикажани. Имаше доста забелешки за оваа „грешка“ затоа што требаше да се кликнува на секој запис за да се виде за што се работи. Сега се прикажуваат целосните записи, заедно со сликите, видеата и текстот.
Додадов поддршка за Кајмакот и сега може секој запис да биде пријавен таму. Сè што треба да направите е да го притиснете копчето после секој запис на кое пишува „некој број“ и под него Кајмакот. После ова треба да внесите опис и готово е
Еден мој другар, Влатко, направи мал додаток за сајтови/блогови, така што со ставање на кодот, ќе ги добивате последните 5 записи од Соли Памет на вашиот сајт/блог. Тие ќе бидат прикажани само текстуално, само името на записот, и со клик на нив ќе ве однесат до целиот запис (еве пример како изгледа тоа, на средината на десната страна, под Last.fm додатокот). Можете да го превземете од овде! Фала ти Влатко уште еднаш!
Нов запис на секои 4 часа!
Соли Памет започнува со нов начин на функционирање, отсега на секои 4 часа ќе има нов запис. Дали било ноќе или дење нема врска, записите ќе си „течат“. Почнувајќи од 9ти септ. 2008 во 8 часот. Ова значи дека можете да не посетувате на секои 4 часа и ќе наидете на свежа содржина. Следуваат и други новости… останете со нас!
Нов дел: Пријатели!
На страничната лента воведов нов дел „Пријатели“ каде што ќе ставам банери од други сајтови со кои што сме пријатели, може и размена на банери или некои сајтови кои ми се допаѓаат па сакам да ги промовирам. Ако сакате да се спријателиме или да размениме банери, слободно контактирајте ме на contact@solipamet.com има лимит од 7 банери па побрзајте
Воведување на Кепча (captcha)
Поради голем број на спам коментари, решив да ставам кепча. Тоа е финта за да ги фаќа роботите што испраќаат коментари автоматски, бидејќи нема да можат да ги погодат зборовите од сликата. За луѓето тоа е едноставно бидејќи треба само да ги препишат двата зборови од сликата во текст полето. Се надевам нема да е тешко за вас кои испраќате коментари да го правите и овој додатен чекор, фала на разбирањето!
СП ви ја претставува “Ask Miss-S”!!
Од 17-ти Август 2008 година Miss-S е ваша пријателка, другарка, соработничка… Во оваа рубрика можете да прашувате се и сешто! Вашиот идентитет нема да биде откриен, само прашањето е јавно. (Дискрецијата е загарантирана!) Можете да прашувате за ваши лични проблеми или пак нешто што многу Ве интересира, а едноставно Ве мрзи да лутате на нет. Miss-S will google it for You! Сите лични прашања темелно ќе бидат разработени и одговорени во најбрзо можно време. Сите прашања и одговори ќе бидат јавни бидејќи можат да му помогнат на некој кој го мачи истото. Не се размислувајте – пишете и на Miss-S на contact@solipamet.com и олеснете си!!! Секое добро!






