Новиот Nokia n900 со Maemo 5 интерфејс што треба да излезе наскоро.
СолиПамет е блог за секаков тип на слики/видеа/вицеви/текстови дали тоа биле смешни, чудни, интересни или тажни. Сега со нов изглед и можност за секој да испраќа содржини! Оди ОВДЕ за да испратиш и ти нешто со што помагаш во градењето на овој блог и да споделиш работи што тебе те интересираат со светот!
StarCraft 2 изгледа многу хардкор. Најавена е првата четвртина од 2010. Имаат нов моќен уредувач на мапи, и со негова помош може да се прават измени како овие на видеото.
Група на вработени во Google направија нешто прекрасно за СолиПамет со користење на нивниот нов сервис, Google Latitude.
Клик ОВДЕ за да погледнете што направија!
Во последно време нешто сајтов беше бавен, немаше многу нови содржини, не се случуваше многу. Ама не седев така (ок, седев ама не многу :Р ) туку работев во позадина. Ставив нова верзија од Вордпрес, нова тема, нови додатоци од кои најинтересен е додатокот кој ви дава ВАС можност да испраќате содржини на СолиПамет.
Ќе можете да испраќате слики, вицеви, текстови, видеа со што ќе му помагате на СолиПамет да има поголем број на различни содржини, а воедно ќе имате можност да споделите со многу луѓе содржини кои вас ве интересираат!
Моментално планот ми е да има нов запис на секои 3 часа, но тоа може да се намали до 1 час во зависност од тоа колку содржини ќе испраќате вие!
За тие што сè уште не се претплатиле на RSS сторете го тоа за да ги добивате сите нови содржини директно во вашиот RSS клиент!
Ако имате пофалби, сугестии, критики или наидете на нешто што не работи како што треба на новата верзија од СП, слободно контактирајте ме!
Поздрав и уживајте во новата верзија од СолиПамет!



