Radiohead штотуку го издадоа новиот спот за нивната песна „House of Cards“ од aлбумот „In Rainbows“. За снимањето не беа употребени камери и светла. Наместо тоа, се користеше технологија за снимање на 3D слики: Геометриска информатика и Velodyne LIDAR.
Системите за геометриска информатика произведуваат раслоено светло за снимање на 3D слики одблизу, додека системот „Velodyne Lidar“, кој користи повеќе ласери, се користи за снимање на големи средини како што се цели предели. 64 ласери кои се ротираат и светат во радиус од 360 степени, светејќи 900 пати во минута ги направија сите надворешни сцени.
Еве го спотот:
Во остатокот од овој запис е видео од правењето на спотот па видете го за да дознаете како беше направен и да научите за разните технологии кои се користеа за снимање и исцртување на 3D податоци.



Оставете коментар