Орестад е новото данско училиште кое е изградено околу отворен простор кој може да се види од скоро секој спрат. Изгледа како голем трговски центар. Нуди предавања на неколку полиња како што се биологија, психологија и медицина. Намената на овa училиште е да се реализираат реформите од 2005 година за помош при подобрување и обновување на професионалните капацитети на учениците, подобро да ги спреми учениците за на факултет и да го зајакне аспектот на науката.
Училиштето има безжичен интернет низ целиот објект и секој ученик добива бесплатен лаптоп. Дури има и портокалеви перници за учениците да можат да се одморат, зборуваат и да работат на компјутер.




Оставете коментар