5 начини како да се загреете а да ја намалите вашата сметка за струја

Објавено на февруари 6th @ 1:38 pm од admin

1. Гаснете ја печката кога нема никој дома. На сите ни се случува да излеземе и да ја заборавиме печката вклучена додека нема никој дома. Неколку пати така и сметката за електрична енергија сигурно ќе биде многу поголема. Можете да си ставите белешка на влезната/излезната врата од домот на која ќе пишува „Дали е печката исклучена?“ или нешто слично на ова со што ќе се потсетите пред да излезете да ја исклучите.

2. Носете повеќе облека и завиткајте се во ќебиња. Додека сте дома и гледате телевизија на пример, завиткајте се во неколку ќебиња и нема потреба за печката да биде вклучена цело време. Ако нешто правите низ куќата, облечете повеќе облека и ќе останете загреани.

3. Користете топла вода. Кога одите во кревет, ставете едно-две шишиња полни со топла вода, кај ноѕете или кај половината (или пак по ваш избор :) ) бидејќи за затоплување на толку вода е многу поевтино од користење на печката цела вечер.

4. Пуштете го сонцето во вашиот дом. Кога е сончево, тргнете ги завесите и направете место за сончевите зраци. Тие помагаат при затоплување на домот и се бесплатни. Има доволно сончеви денови во зима за да може ова да се примени.

5. Размислете за користење на друг извор на топлина. Иако ова не е најчисто за околината, некогаш мораме да користиме и друг начин за затоплување. Дрва или природен гас/плин чинат многу помалку од електричната енергија а исто така можете да најдете дрва и бесплатно, по огласи или од некој пријател, најчесто вие само ќе треба да одите до местото и да си ги земете самите.

Сè уште нема коментари

Бидете први и испратете коментар!

Оставете коментар

Најавете се со OpenID

Стандардно најавување

Докажете дека сте човек! Внесете ги двата збора исто како што се прикажани на сликата подолу во текст полето, и потоа притиснете на Испрати. Го воведувам ова бидејќи имаше многу спам коментари, фала на разбирање

Опции:

Големина

Бои